Home » Во фокусот » Шведска ја промовира целата држава како ресторан на отворено

Шведска ја промовира целата држава како ресторан на отворено

Во 2017 година, туристичката иницијатива Visit Sweden ја стави цела Шведска на Airbnb. И сега направи нешто слично, но со акцент врз храната.

Во најновата кампања, Шведска беше ставена на Bookatable.com под категоријата „ресторан“, каде луѓето може да јадат плодови собрани директно од природата. Како дел од кампањата, која е дело на агенцијата Prime Weber Shandwick, четири познати шведски готвачи создадоа посебно мени со намирници кои може да се најдат во шумите на Шведска. Посетителите може сами да ги подготват јадењата преку следење на насоките достапни онлајн.

Покрај менито, Visit Sweden поставиле и седум дрвени маси на различни локации ширум државата кои може да се резервираат преку Bookatable.com. Резервацијата на самата маса е бесплатна и трае еден ден, при што постои и можност за изнајмување на сет со кулинарски прибор. Со резервацијата се добива и контакт до локален туристички водич.

„96 проценти од територијата на Шведска е ненаселена, но сепак лесно достапна за секој. Нашата природа е полна со плодови и сакаме да го поканиме светот да ужива во нив, како што тоа го правиме ние Швеѓаните. Преку нашето специјализирано мени, ова иновативно кулинарско искуство им овозможува на посетителите да ја истражуваат и трансформираат природата по својот гурмански вкус,“ истакна Јени Скогсборн Мисуна од Visit Sweden.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365