Британскиот бренд на индиска храна Patak ја лансираше својата прва телевизиска реклама после повеќе од една деценија, па мораше да биде добра!
Се работи за едноставен спот од 30 секунди кој на еден мошне симпатичен начин го раскажува генерациското усовршување на вкусните индиски рецепти во семејството Патак.
Семејството го отпочнал тој кулинарски развој пред скоро 100 години, со оригиналната баба Патак во 1925 година. Усовршувањето на рецептите продолжило со дуото на татко и син, Кирит и Л. Г. Патак во 1960-тите, па со убавата Мена Патак во 1980-тите, за да ја достигне моменталната кулминација со младата Анџали Патак во 2022 година.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BMB и продукциската куќа CYLNDR, додека пак медискиот закуп е задача на the7Stars.