Home » Во фокусот » Сингапур има најбрз интернет на светот, Македонија е на 59 место

Сингапур има најбрз интернет на светот, Македонија е на 59 место

Најбрз интернет на светот има Сингапур, а најбавен во Јемен, a Македонија е на 59 место на листста од 189 земји опфатени во најновото истражување

Во Македонија, со просечна брзина од 7,34 mbps треба 2 часа, 19 минути и 28 секунди за да се „симне“ филм во Full HD, додека во Сингапур нецели 19 минути, а во Јемен повеќе од два дена, објави британскиот веб-сајт cable.co.uk врз основа на анализата на податоци на истражувачката група M-Lab.

На листата Унгарија се пласира на 15 место, Романија на 18, Словенија на 25, а Бугарија на 27. Србија е на 41, а Хрватска веднаш над неа на 40 место со брзина на интернетот од 12,57 Mbps. Зад нас по брзина на интернетот се Босна и Херцеговина на 61, Црна Гора на 71 и Албанија на 78 место, покажаа тестирањата.

Во текот на изминатите 12 месеци заклучно со 10 мај оваа година, ширум светот биле направени над 63 милиони тестирања на брзината на интернетот.

Тестирањата покажаа дека најбрз интернет има Сингапур, во просек 55,13 Mbps, што е доволно за преземање на филм од 7,5 GB во Full HD со највисок квалитет за 18 минути и 34 секунди. Истиот филм во Јемен, која е последна земја налистата,  би се симнувал со просечна брзина од само 0,34 Mbps за повеќе од два дена.

Шведска, Тајван, Данска, Холандија и Латвија имаат просечна брзина поголема од 30 Mbps, што според британската регулаторна агенција за телекомуникации Ofcom го дефинира како „супербрзина“.

Во 139 земји имаат просечна брзина на интернет под 10 Mbps, што според Ofcom  е минималната брзина што може да одговори на потребите на едно типично семејство.

Помеѓу 30 земји со најбрз интернет, воглаво се држави од Европа и Азија, додека во Африка повеќе од половина земји се со најслаби перфоманси, објави cable.co.uk, кој обезбедува советодавни услуги за британските провајдери на интернет, ТВ и телефонија.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365