Home » Во фокусот » Сер Мартин Сорел ги негира наводите за лични злоупотреби откако WPP започна истрага за неговото работење

Сер Мартин Сорел ги негира наводите за лични злоупотреби откако WPP започна истрага за неговото работење

Холдинг компанијата ангажира независна агенција за истражување на наводите за несоодветното работење

WPP ангажираше независна агенција за да ги испита наводите за непримерното работење кои се изнесени против извршниот директор на компанијата, Сер Мартин Сорел. Истрагата изгледа како уште еден во низата проблеми за WPP, чии акции неодамна доживеаја значителен пад.

“Управниот одбор на WPP именува независни консултанти кои ја спроведуваат истрагата како одговор на обвинувањата за недоличното однесување изнесени против Сер Мартин Сорел, извршен директор на WPP. Истрагата е во тек “, напиша портпаролот на WPP во изјавата. Според пишувањата на Волстрит журнал, холдинг компанија ја испитува можната злоупотреба на средствата на компанијата. Оваа вест доаѓа после пишувањата во медиумите дека Сорел, кој управува со WPP повеќе од 30 години, претрпе значително намалување на платата од WPP. Така, за 2017 година, добил бонус од околу 14 милиони долари, додека претходната година добил бонус од 58,5 милиони долари. Сето ова го следи разочарувачкото финансиско работење на WPP во 2017 година, чии акции доживеаја најголем пад од 1999 година.

После овие медиумски наводи, се огласи и Сер Мартин Сорел, одлучно негирајќи ги обвинувањата и бранејќи го своето работење како извршен директор на WPP. Во изјавата за медиумите, тој напиша: “Извештаите во медиумите укажуваат на тоа дека WPP врши истрага за наводите за моите непримерни  финансиски активности, конкретно во однос на употребата на средствата на компанијата. Овие тврдења се испитуваат од страна на адвокатска фирма. Ги отфрлам овие тврдења без резерва, но исто така сум свесен за фактот дека компанијата мора да ги истражи. Верувам дека овој процес брзо ќе заврши”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365