Брендот за брза храна McDonald’s ја објави својата нова Божиќна кампања за британскиот пазар, надоградувајќи се на актуелната бренд-платформа “Raise Your Arches” („Подигнете ги вашите лаци“).
Како и со другите реклами објавени во рамки на споменатата платформа, така и во овој случај невербалната комуникација е доволна за луѓето да се координираат помеѓу себе – да ги напуштат досадните корпоративни забави и недоволно разработени школски претстави – и да се упатат онаму каде што знаат дека ќе го добијат она што го очекуваат – McDonald’s.
„Прославувањето на иконичноста на еден добро познат поглед, на невербална комуникација која ја означува сеопфатната желба за Биг Мек, е нешто што гордо го славевме во текот на целата година“ – вели Мишел Греам-Клер, виш потпретседател и генерален маркетинг директор на McDonald’s за Обединетото Кралство и Ирска, дополнително изразувајќи надеж дека кампањата ќе подигне многу насмевки и веѓи.
Видеоспотот е проследен со енергичната песна “Jump” на Van Halen од 1984 година.
Новата Божиќна кампања на McDonald’s е создадена во соработка со креативната агенција Leo Burnett UK.