Популарниот ирски пивски бренд Guinness ја лансираше својата нова кампања за овогодишниот Ден на Св. Патрик (17 март) – можеби најзначајниот празник во ирската култура.
Во централниот спот на кампањата ги гледаме вработените во некои ирски паб како се спремаат за претстојната забава. Нив пополека почнуваат да им се приклучуваат гостите, на крај кулминирајќи со весела атмосфера исполнета со пеење и пиво.
Видеото е проследено со песната “Can’t Take My Eyes Off You” на Frankie Valli & The Four Seasons, во градациска изведба на луѓето кои ги толкуваат вработените и гостите на пабот.
Кампањата испраќа порака на заедништво во време кога пандемијата се смирува и рестрикциите почнуваат да се симнуваат, па се создаваат услови за достојна прослава на Денот на Св. Патрик.
Кампањата е создадена со помош на агенцијата Quaker City Mercantile.