Словенската агенција Formitas BBDO во соработка со Европлакат, за клиентот Spar Slovenija креираа градски “витрини“, налик на оние кои ги имаме дома, во кои буквално ставија кујнски комплет од чаши, филџани и чинии од брендот Waves на кулинарскиот мајстор Џејми Оливер.
Во склоп на кампањата “Лојалносни поени“, Spar Словенија, во соработка со своите партнерски агенции постави стотици сити лајтови налик кујнски полици кои го одвекуваа вниманието на граѓаните на Словенија, овозможувајки уникатна презентација на најновата линија на познатиот готвач.