Брендот за брза храна Burger King е навистина горд на својата употреба на вистинска скара врз отворен пламен, а ги има белезите на своите хамбургери за да го докаже тоа.
Токму овој начин на готвење е уникатен за Burger King во однос на неговите најголеми конкуренти и брендот често сака да го нагласува тоа. Препознатливите скараџиски линии на бургерите на Burger King се темата на нивната нова кампања за британскиот пазар, која истовремено ги „задева“ конкурентите за нивниот недостаток на такви белези.
Кампањата едноставно насловена “Grill Lines” („Скараџиски линии“) користи едноставни илустративни техники и паметен копирајтинг за да ги „пецне“ конкурентите на специфичен начин. Па така, „Некои полковници сé уште не ги имаат заслужено своите линии (чин)“ е пораката до KFC, а „Само кловнови би ги заборавиле своите линии“ е пораката до најголемиот конкурент McDonald’s.
Сите билборди се поствени во непосредна близина на соодветните конкурентните ресторани, со цел добро да ги потсетат потрошувачите кои се вистинските скараџии.
„Печеме на пламен повеќе од 60 години, а нашите скараџиски лини се исто толку иконични како и нашите впечатливи Whopper-хамбургери. Со креативно карактеристична и уникатна кампања, BBH покажа како нашиот брендинг го надминува нашето лого, до огнен печат со врвен квалитет и вкус“ – посочи Соко Нуњез де Села, директорка за брендинг и комуникации во Burger King за Обединетото Кралство.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BBH London.