Старата скопска чаршија и Скопје го добија својот Прв Џин Бар
Сместен на третиот кат над Калдрма, овој бар нуди фантастичен поглед на централното градско подрачје, на голем дел од чаршијата и секако, на одличното Кале. Во овој џин бар се служат сите видови џин во разни комбинации што овозможуваат освежување во овие летни горештини.
Освен џин варијантите на пијалак, Џин бар нуди разни видови музика и забава за посетителите. Одличните звуци на гитарата и прекрасниот нежен глас, топлите звуци на музиката и услужливоста на персоналот, се специфичности кои го племенат просторот на џин бар.
Се работи за простор што нуди едно поразлично доживување и надополнување на разнобразната понуда на Старата скопска чаршија, овозможувајќи освежување и одлична забава за сите што остануваат во Градот и се љубители на добриот џин и добрата музика.