Home » Во фокусот » “Скопје Постер Фестивал“ од 5-ти до 20-ти декември

“Скопје Постер Фестивал“ од 5-ти до 20-ти декември

Здружението на графички дизајнери „Плакарт“ од 5-ти до 20 декември ќе го организира седмиот „Скопје постер фестивал“, годинава под мотото „Дизајн за мир“.

„Плакарт“ најави богата фестивалска програма предводена од врвни имиња од графичкиот дизајн.

– “Со гордост најавуваме дека оваа година, покрај на останатите, сме и домаќини на Ива Бабаја, претседател на светската дизајн асоцијација Icograda,  Давор Брукета, еден од најуспешните дизајнери во Југоисточна Европа, со 400 награди како признание за неговите генијални креативни проекти како и Борут Вилд, еден од најинспиративните балкански дизајнери со над 100 меѓународни проекти, иницијатор на бројни успешни регионални настани за дизајн“

Тие ќе бидат членови на жирито на „Скопје постер фестивал“ и ќе ги селектираат идејните решенија на графичките дизајнери кои, како што информира „Плакарт“, на исклучителен начин ја искористиле својата креативност.

poster festival

Жирито на 4 декември ќе направи претфинална селекција, а на 5 декември во Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложбата со творби на финалистите и ќе бидат објавени победниците.

Во рамки на фестивалот, на 6 декември „Плакарт“ ќе организира регионална конференција за дизајн „Состојбата на дизајнот на Балканот и негово интегрирање во едукативните процеси“.

Изложбата во МКЦ ќе може да се посети до 20 декември. „Скопје постер фестивал“ е поддржан од Министерството за култура и Младинскиот културен центар.

****

Програма | 7. Скопје постер фестивал | Дизајн за мир
04-20 декември 2014

4.12. Жири селекција-предфинална фаза

5.12. Жири селекција/ Отворање на изложбите

20:00 Отворање изложби/ Финалисти Скопје постер/ Објавување победници/ Детски цртежи наспроти постери на дизајнери
22:00 Забава МКЦ клуб/ресторан диџеј Васко Нетковски

06.12. Регионална дизајн конференција | ‘Состојбата на дизајнот на Балканот и негово интегрирање во едукативните процеси’

11:30-12:00 Регистрација на гости

Прва сесија

12:00 – 12:10 Воведни зборови – Лазе Трипков, претседател, Плакарт|Скопје постер
12:10 – 12:30 Ива Бабаја, претседател на светската дизајн асоцијација Icograda
12:30 – 12:50 Ајшеѓул Изер, Турција
12:50 – 13:10 Давор Брукета, Хрватска
13:10 – 13:30 Константин Танчев, Македонија

13:30 – 13:45 Кафе пауза

Втора сесија

13:45 – 14:05 Ивана Стојановска, Elance-оDesk, вмрежување на млади креативци
14:05 – 14:25 Борут Вилд, Србија
14:25 – 14:45 Мила Меланк, претседател на здружение на дизајнери, БиХ

14:45 – 15:30 Резиме

15:30 МКЦ клуб/ресторан | Дружење со дизајнери!

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365