Еден од најголемите и најстарите македонски брендови, СКОПСКО, годинава прославува 90 години од полнењето на првото пиво кое во годините што следеа стана неодминилив дел од трпезата на секое македонско семејство.
Во име на 90-те години СКОПСКО, што симболизираат 90 години радост откако можеме да уживаме во овој благороден напиток, компанијата лансираше ограничена серија на лименки СКОПСКО “преслечени“ во ретро руво.
Агенцијата Меккен Скопје ја имаше честа да изработи и ТВ спот за оваа ретро колекција кој можете да го погледнете во продолжение: