Данскиот производител на играчки LEGO лансираше нова кампања за пазарите на Обединетите Арапски Емирати и Сингапур, насловена “Brick the Rules”, што претставува игра на зборови – комбинација од “brick” („цигла“ во значење на „лего-коцка“) и фразата “Break the Rules” („Скршете ги правилата“).
Рекламата отпочнува со сцена во која некој човек остава три деца во дневна соба со строга наредба да не си играат таму додека него го нема неколку минути. Но, очекувано, децата ја игнорираат таа наредба, па ги вадат лего-коцките и во потполност ја „вклучуваат“ својата имагинација.
Концептот на кампањата е дека LEGO на децата им ја дава потребната слобода за да ја изразат својата креативност преку игра, без никакви ограничувања.
Кампањата се реализира со помош на агенциите Grey Dubai и Grey Singapore.