Стриминг-платформата Spotify ја лансираше опцијата „Premium Duo“ – специјален план за претплата наменет за парови кои живеат под ист кров, кој ќе им да уживаат во нивните омилени содржини – заедно и одвоено.
Со цел да го предизвика вниманието на јавноста, Spotify објави слатка телевизиска реклама во која различни парови, претставени како шарени и забавни кукли, се „расправаат“ за своите музички вкусови.
Истражувањето кое претходело на новата понуда на Spotify покажало дека 73% од паровите сакаат заеднички да слушаат музика која ги потсетува на нивните радосни моменти, илустрирајќи ја уникатната обединувачка моќ на музиката.
Рекламата била создадена со помош на продукциската компанија Tronco од Буенос Аирес, Аргентина.