Технолошкиот гигант Samsung лансираше нова реклама во која главен лик е едно слатко плишано мајмунче на батерии кое сонува за електрична независност и позелена планета.
Рекламата ја промовира новата технологија на Samsung на далечински управувачи за телевизор кои наместо на батерии работаат на соларна енергија. Откако плишаното електрично мајмунче ќе дојде во контакт со ваквиот далечински управувач, почнува да фантазира како би било доколку и тоа не би зависело од батерии, туку би се „хранело“ директно од сонцето.
Мајмунчето тргнува на патешествие низ светот, помагајќи во различни каузи и акции за поголема еколошка одржливост на нашата планета.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BBH Singapore.