Хрватската агенција Señor во соработка со копирајтерот Лука Перван го лансираа сервисот за проверка на слогани, популарно наречен “SLOGANINI”, пренесува порталот Медиа-Маркетинг.
“Sloganini” кој можете да го посетите на следниов ЛИНК, на едно место ги собира домашните (хрватски) слогани со цел преглед на домашната огласувачка продукција и заштита на авторството.
Слоганини изворно е наменет најмногу за:
– копирајтерите, во нивната потрага за инспирација или проверка на нивните идеи
– Истражувачите,кои истражуваат
– агенциите, во индустриската шпионажа :)
– клиентите кои сакаат да знаат повеќе.
Пребарувањата се можни по категории (храна, пијалоци, телекомуникации…) и клучни зборови (содржани во слоганот или описот на производот/услугата)
Копирајтерите и агенциите се повикани да си ги внесат и “заштитат“ своите слогани на SLOGANINI.