(РЕГИОН) – ИАБ Словенија го презентираше својот нов AdEx Benchmark извештај на овогодинешната Diggit конференција, пренесува MarketngMagazin.eu
Според извештајот кој ги мерел бруто известициите во online адвертајзинг, словенечкиот дигитален пазар за минатата година се проценува на 29,9 милиони евра, што претставува пораст од 26% во споредба со 2014 година.
Во истражувањето биле вклучени топ 100 online медиа издавачи според посетеност и сите медиа и дигитални агенции во државата. Најголем удел има display адвертајзингот (54%), потоа search (22%), листинзи и бази (13%) и социјални медиуми (11%).
Дигиталното огласување опфаќа околу 20% од целиот адвертајзинг буџет во Словенија.