Американската агенција Бригада создаде смели пакувања инспирирани од “најстрашниот” празник
Агенцијата Бригада од САД и брендот на вотка SVEDKA се здружија со цел да претстават 14 вкусови на овај бренд на пазарот во САД, а едно од првите решенија настана од инспирацијата на претстојната Ноќ на вештерките.
Според соопштението од агенцијата, нивната цел за овогодишната Ноќ на вештерките е да му помогнат на брендот да се истакне од популарните сезонски гужви во малопродажните продавници, а ние можеме да кажеме дека сигурно успеале во тоа со нивната смела “крвава“ амбалажа прилагодена за “најстрашниот” празник.
Дизајнот со отворена уста и остри заби со кои капе крв, сигурно привлекува внимание, а со цел да се создаде сеопфатно искуство за потрошувачите, агенцијата исто така, разви и дополнителни елементи на кампањата, како постери и други реквизити, а сите решенија се направени така што може да се прилагодат за употреба во дигитал, на социјалните мрежи и на продажните места.