Младиот менаџер за бренд стратегии од агенцијата Ogilvy & Mather Philippines почина минатиот викенд откако наводно работел прекувремено додека во исто време бил болен од пневмонија.
Mark David Dehesa работел околу една година во PR дивизијата на Ogilvy’s Manila. Претходно работел на бројни проекти со Publicis, JWT и BBDO. Неговата смрт во неделата веќе ја поттикна дебатата за балансот помеѓу приватноста и работата во агенциите и преголемата прекувремена работа, посебно нагласена тема во Азија.
“Со голема тага ја потврдуваме ненадејната смрт на нашиот Mark Dehesa кој почина од компликации од пневмонија во недела, 19.02,2017’’ изјави генералниот директор на Ogilvy Philippines CEO- Elly Puyat во изјава на компанијата. “Mark беше сакан и важен член на нашиот тим во Филипини, и нашите мисли и молитви ги упатуваме кон него, неговото семејство и пријателите во овие тешки периоди за нив’’.
Агенцијата не ја продолжи својата понатамошна елаборација на темата, нагласувајќи на сензитивноста и приватноста на семејството во дадениот момент.
Во согласност со поранешен колега, Dehesa работел во раните утрински часови минатиот петок за да се припреми за состанок и подоцна останал до доцните вечерни часови во канцеларијата од каде побарал да биде префрлен во болница каде подоцна починал.
“Клиентите секогаш бараат нешто добро” copywriter-от Jeff Stelton од Ogilvy напиша во објава на Facebook , откако била најавена смрт на неговиот колега. “Работата ја работиме до точка на истоштеност, жртвувајќи го притоа слободното време и драгоценото време со нашето семејство, партнерите, нашите сакани а пред се и нашето здравје.”
Stelton, кој претходно работел со Dehesa исто така изјави: “со прераната смрт на уште еден млад колега, сметам дека е време да кажеме не на оваа ситуација, време е да кажеме не за станување за презентација во 9 наутро откако сме работеле напорно до 4 наутро.”
Тој исто така повика клиентите и агенциите да бидат поразумни и да започнат да се грижат околу луѓето од нивниот тим. Тој подоцна го измена текстот во објавата додавајќи дека прераната смрт на колегата се должи на преголемата работа.’’
Други лица во индустријата исто така го споделија своето сочуство на Facebook, а еден од неговите поранешни колеги напиша: ‘’Збогум Марк.’’
Луѓето кои работеа со тебе и те познаваа исркено жалат за твојата загуба, ќе им недостигаш. Со надеж, твојата смрт ќе ги води луѓето од рекламната, маркетинг, продукциската и комуникациската индустрија да размислат за барањата и работниот импакт на физичкото и менталното здравје кои работата ги има при постигнување на крајните рокови.
Феноменот на преголема работа во Јапонија попознат како “karoshi” , стана популарен во светските медиуми во декември,2015 кога Tadashi Ishii ја напушти позицијата на генерален директор на Dentsu, 5тата најголема светска холдинг агенција. Најавата се појави во медиумите откако федералните власти најавија поднесување на тужба за самоубиството на млад менаџер од компанијата кој на социјалните медиуми пишувал објави за неговите шефови и најавил дека поминувал повеќе од 100 прекувремени часови во работа во еден месец. Ова не беше првата ненадејна смрт во маркетинг индустријата која се појави во бројни наслови во медиумите. Во декември, 2013, 24 годишниот копирајте на Y&R Indonesia колабирал, паднал во кома и починал. Во последниот негов твит напишал’’30 часа активна работа и сеуште одлично се држам.’’