Snap Inc, матичната компанија на социјалната мрежа Snapchat, ја назначи Кејт Бирд за нов виш директор за маркетинг за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA).

Бирд доаѓа од Condé Nast каде што од 2019 година ја извршуваше позицијата на глобален потпретседател за приходи од потрошувачите, а беше одговорна за растот на приходите од глобалните брендови и претплатничките модели на Condé Nast, вклучувајќи ги Vogue и GQ, во над 30 пазари низ целиот свет.
Пред да работи во Condé Nast, Бирд била генерална маркетинг директорка и генерален менаџер на The Sun, а пред тоа извршувала повеќе маркетиншки функции и во News UK, The Times и The Wall Street Journal.
Во својата нова улога во Snap, таа ќе го води тимот за маркетинг со цел да ги инспирира и едуцира огласувачите, агенциите и малите бизниси од целиот регион на EMEA за тоа како можат да ги користат привлечните формати за огласување и проширена реалност на Snap и притоа да допрат до заедницата на Snapchat од 750 милиони луѓе и да постигнат значајни деловни резултати.
За нејзината работа, Бирд ќе одговара пред Даг Фризби, глобален потпретседател на Snap за глобален бизнис маркетинг.
„Возбудени сме што ѝ посакуваме добредојде на Кејт во Snap. Таа има неверојатно искуство и е позната низ индустријата за испорачување влијателен маркетинг кој носи вистински резултати. Клучно, таа е позната и по тоа што ги отелотворува вредностите на Snap – да се биде љубезен, паметен и креативен. Едвај чекам да видам што ќе постигнат Кејт и тимот додека тргнуваме во нашата следна фаза на раст“ – изјави Ронан Харис, претседател на Snap за регионот EMEA.