Home » Во фокусот » Snapchat е двојно повеќе популарен од Instagram помеѓу американските тинејџери

Snapchat е двојно повеќе популарен од Instagram помеѓу американските тинејџери

Инвестициската компанија Piper Jaffray спроведе истражување помеѓу американските тинејџери за нивните омилени социјални мрежи, а 47% од нив рекле дека тоа е Snapchat

Инвестициската компанија Piper Jaffray го објави својот годишен извештај „Taking Stock With Teens“ во кој ја истражи употребата на социјалните мрежи помеѓу тинејџерите во 44 американски држави, а се покажа дека Snapchat е сеуште омилена апликација за 47% од тинејџерите.

Минатата година, Snapchat во истата студија уживаше 35% поддршка. За споредба, Instagram оваа година е омилена апликација за 24% тинејџери. 9% од тинејџерите изјавиле дека Facebook е нивната омилена социјална апликација, 7% го одбрале Twitter и 1% рекле дека Pinterest им е омилен.

Кога се во прашање уредите, 82% од тинејџерите претпоставуаат дека нивниот нареден телефон ќе биде iPhone, додека во пролетта овај процент изнесуваше 81%.

Кога е во прашање малопродажбата, Amazon е омилена веб страница за 49% од тинејџерите, а потоа следи Nike.com со 6% и American Eagle со 5%.

Starbucks е омилен ресторан за 11% од тинејџерите со повиски приходи, и за 12% од тинејџерите со просечни приходи.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365