Американскиот рапер Снуп Дог и телевизиската личност Марта Стјуарт се главните ѕвезди на новата реклама на Bic за промоција на нивната практична запалка “BIC EZ Reach Lighter”.
Со оглед на јавниот имиџ на Снуп Дог, многумина би очекувале запалката да се користи за „палење и чадење“ на нешто што се римува со поинт. Но, иако низ целиот спот се кокетира со таа идеја, гледаме запалка која се користи при готвење на мисирка, палење свеќи и печење маршмелоу – нешто повеќе поврзано со домаќинскиот имиџ на Марта Стјуарт.
Рекламата претставува најново продолжение во пообемна кампања на Bic за промоција на нивната практична запалка, лансирана минатата пролет, кога и за прв пат се појави дуото Снуп Дог и Марта Стјуарт во реклама со слична идеја.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Doner CX.