New Europe Market, годишната конференција која ги собира водечките стручњаци од ТВ индустријата, ги откри датумите за 2018 година. Шестото издание на NEM ќе се одржи во Дубровник од 11 до 14 јуни.
NEM 2017 вклучуваше седум тематски панели за сегашните и идните трендови во ТВ индустријата и шест инспиративни презентации кои ги одржаа Nielsen, Akamai Technologies, Julius Film, Eutelsat, Viacom International Media Networks и Aspera, компанија на IBM. Панелите и презентациите беа пропратени со бројни динамични настани на вмрежување и две ексклузивни вечерни забави на FOX Networks Group и Eutelsat. Посебен гостин на NEM 2017 беше актерот Michael Weatherly, ѕвездата од ТВ серијата Bull, кој го отвори првиот ден на NEM со бројни анегдоти од својот професионален и приватен живот. Разговорот со Michael Weatherly се одржа на зајдисонце на прекрасната тераса на хотелот Дубровник Палас, а потоа следеше опуштено дружење со пијалокот за добредојде на Pickbox.
Повеќе од 800 учесници и 350 компании секоја година го препознаваат NEM како единствено место за склучување на нови бизнис зделки, разменување на свежи идеи и воспоставување на резлични соработки. Иако NEM 2017 беше убедливо најдобро издание досега, NEM ќе продолжи да се развива, да претставува нови бизнис можности и да ги привлекува професионалците, менаџерите и членовите на управните одбори од сите делови на светот, притоа задржувајќи ја автентичната медитеранска атмосфера.
За оние кои планираат за се регистрираат многу рано, NEM нуди можност бесплатно да си осигураат една акредитација. Имено, доколку купите една акредитација, другата ја добивате бесплатно. После регистрацијата на веб страницата на NEM, сите идни учесници можат да ги добијат своите акредитации со само два клика. Побрзајте или набрзо ќе ги снема!