Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните брошури кои што во нив содржат маска и средство за дезинфекција, како и насоки за тоа како може безбедно да се гласа на претстојните Предвремени парламентарни избори.
Флаерите на ДИК содржат упатства за заштита од корона вирусот во текот на гласањето, па затоа интересот за материјалите од страна на граѓаните беше голем. Низ општините Гази Баба, Шуто Оризари, Сарај и на плоштадот „Македонија“ многумина од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа материјалите кои што ги делеше Државната изборна комисија. Поставени беа и големите поставки, големото стаклено ѕвоно и гелот за дезинфекција со цел да се приближат пораките за безбедно гласање до гласачите.
„Заштити се себеси и другите“ и „Гласај безбедно“ се главните пораки кои што ДИК ги упатува во оваа кампања на гласачите во насока на безбедно искористување на своето право на глас.
Ова е третата герила акција која што ја имаше Државната изборна комисија за оваа кампања. Водењето на кампањата во услови на корона вирусот беше проследена со сите заштитни мерки и препораки од надлежните институции за заштита од невидливиот непријател.