И додека Uber во Македонија сеуште не е достапен во неговата оригинална форма, во Северна Америка неговата форма се менува од месец во месец, се проширува и унапредува. Сервисот од неодамна нуди и услуга за нарачување на храна, а бидејќи оваа можност е супер прифатена , од Uber одлучија да направат посебен сервис –uberEATS.
Новиот сервис доби одвоена апликација преку која корисниците ќе можат да го нарачаат омиленото јадење на ист начин како што би нарачеле и превоз, но со дополнителни и проширени опции за приглагодување на нарачката.
„Проценивме дека не е добро да се комплицираат работите. Со Uber е доволно да се притисне иконата и да се нарача превоз“- изјави од Uber, Jason Droege. – Кога ќе помислите на храна, работата станува посложена.“
UberEATS во склоп на основната апликација на Uber, моментално е достапна во 12 северноамерикански градови, а со доаѓањето на одвоената апликација, би требало забрзано да се шири. Залудно е да се очекува дека наскоро ќе се појави во Македонија, но никогаш не се знае- можеби ќе не изненадат.