Home » Во фокусот » Со новта апликација на Uber ќе нарачате храна, а не превоз

Со новта апликација на Uber ќе нарачате храна, а не превоз

И додека Uber во Македонија сеуште не е достапен во неговата оригинална форма, во Северна Америка неговата форма се менува од месец во месец, се проширува и унапредува. Сервисот од неодамна нуди и услуга за нарачување на храна, а бидејќи оваа можност е супер прифатена , од Uber одлучија да направат посебен сервис  –uberEATS.

uber eats

Новиот сервис доби одвоена апликација преку која корисниците ќе можат да го нарачаат омиленото јадење на ист начин како што би нарачеле и превоз, но со дополнителни и проширени опции за приглагодување на нарачката.

„Проценивме дека не е добро да се комплицираат работите. Со Uber е доволно да се притисне иконата и да се нарача превоз“- изјави од Uber, Jason Droege. – Кога ќе помислите на храна, работата станува посложена.“

UberEATS во склоп на основната апликација на Uber, моментално е достапна во 12 северноамерикански градови, а со доаѓањето на одвоената апликација, би требало забрзано да се шири. Залудно е да се очекува дека наскоро ќе се појави во Македонија, но никогаш не се знае- можеби ќе не изненадат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365