Ogilvy Бразил и Швепс создадоа фустан чувствителен на допир, кој јасно прикажува со што се соочуваат жените во ноќните клубови
Со својата нова кампања Швепс има за цел да ја подигне свеста за вознемирувањето на жените во ноќните клубови, а централниот елемент на кампањата, позади која стои агенцијата Ogilvy Бразил, е еден фустан, кој покажува колку често жените во вечерните излегувања се изложени на несакани допири.
Специјално дизајнираниот фустан со сензори осетливи на допир мери колку пати три жени се вознемирувани во еден ноќен клуб, а сознанието на кое се заснова кампањата е едно истражување кое тврди дека 86% од жените во Бразил се соочуваат со напади во ноќните клубови.
Три волонтери, Луиза, Татјана и Џулијана, се повикани да носат фустан чувствителен на допир во еден ноќен клуб во Сао Паоло. Фустанот имал неколку сензори кои следеле во реално време точно каде и кога трите жени се допрени без нивна согласност.
Истражувањето е објавено во видеото подолу и се обидува да ги поттикне мажите да “размислат за нивното однесување и да им пристапуваат на жените со поголема почит”.