Агенцијата We are Social пртстави детален извештај за сите клучни статистички податоци и индикатори за однесувањето на корисниците на социјалните платформи, дигиталните и мобилните канали на комуникации ширум светот. Покрај статистиката по региони, презентирана е и подлабока анализа за 24 најголеми економии во светот: Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Нигерија, Полска, Русија, Саудиска Арабија, Сингапур , Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.
Податоците од истражувањето покажуваат дека денес има повеќе од 4.08 милијарди интернет корисници од целиот свет, што претставува 54% од вкупното население. Во споредба со 2017 година, бројот на интернет корисници се зголемил за 7%. Сепак, како што се наведува, во некои земји не постојат сигурни податоци, па се претпоставува дека бројот на интернет корисниците достигнува и повеќе од 4,5 милијарди.
Како што можеше да се очекува, се повеќе корисници на социјалните мрежи доаѓаат преку мобилни уреди. Се наведува дека 89% од корисниците на Фејсбук пристапуваат до оваа социјална мрежа преку мобилен уред.