Home » Digital » Социјалните мрежи повеќе служат за конзумирање отколку за објавување на содржини

Социјалните мрежи повеќе служат за конзумирање отколку за објавување на содржини

Истражувањето покажа дека корисниците на социјалните мрежи најчесто ги користат за да контактираат со пријателите, да читаат вести и – од здодевност

Марк Цукерберг минатата недела објави дека Фејсбук ќе направи значителни промени во начинот на прикажување на содржината News Feed. Со овој потег, Фејсбук сака да се врати неколку години назад, кога беше навистина “социјална мрежа”, а не платформа за објавување на вести, политичка манипулација и промоција за различни производи и услуги преку страницата на компанијата.

Дали оди Фејсбук во вистинска насока, ќе покаже времето. Во меѓувреме, истражувачката куќа GlobalWebIndex го објави истражувањето за причините зошто луѓето одат на социјалните мрежи – а спроред него се чини дека Цукерберг не направи лоша одлука.

Основна причина за користење на социјални мрежи кај корисниците на интернет е токму нивната основна цел – да ги одржат контактите со пријателите и да го следат она што тие го прават. После тоа, на второто место е читањето вести, а на трето место е користењето на овие платформи од чиста досада, со цел да се пополни слободното време. Потоа следи потрагата по забавни содржини, што е исклучително популарно кај испитаниците на возраст од 16 до 24 години.

Значи, на врвот на листата, сите се пасивни активности.

Топ 10 Причини за користење на социјалните мрежи

  1. Следење на она што прават пријателите (42%)
  2. Читање вести и следење на настани (41%)
  3. Пополнување на слободното време (39%)
  4. Барање смешна или забавна содржина (37%)
  5. Остварување контакти со други луѓе (34%)
  6. Многу мои пријатели се таму (33%)
  7. Споделување фотографии и видеа со други (32%)
  8. Изразување на сопственото мислење (30%)
  9. Барање производи за купување (29%)
  10. Запознавање нови луѓе (27%)

Интересно е тоа што, споделувањето на сопствена содржина (статус и фотографии) се наоѓа на дното на листата, заедно со пребарувањето на производи за купување. Листа на Топ 10 причини за користење на социјални мрежи ја затвара активноста пронаоѓање на нови пријатели, значи уште една работа што подразбира активно учество на корисниците – коишто очигледно, повеќе сакаат пасивно да ја консумираат содржината која ја објавуваат  другите.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365