Home » Во фокусот » Сообраќајните знаци ја пренесуваат пораката на природата во оваа одлична кампања по повод Светскиот ден на метерологијата

Сообраќајните знаци ја пренесуваат пораката на природата во оваа одлична кампања по повод Светскиот ден на метерологијата

Агенцијата MullenLowe SSP3 од Колумбија ги искористи новинарските прилози од реални бури и ги трансформира во порака на самата природа

Една кампања за Светскиот ден на климата во Колумбија искористи навидум многу едноставен пристап, но пренесе силна порака на предупредување за загрижувачките последици од климатските промени. Во чест на Меѓународниот ден на метерологијата, меѓународната организација Conservative International објави реклама, која ги нагласува ефектите од климатските промени користејќи вистински снимки од невреме од различни делови на светот, но сите овие снимки имаат еден заеднички елемент.

Кампањата “Знаците на природата” (“Signs of Nature“), која ја изработи агенцијата MullenLowe SSP3 Колумбија, се фокусира на сообраќајните знаци, кои се нашле во средината на природните катастрофи. Знаците, во контекст на овие климатски катастрофи, покажуваат колку лесно животот може да се смени. Но тие продолжуваат да ја вршат својата основна цел, да испраќаат порака со предупредување, но овој пат тоа е пораката на самата природа до сите нас.

“Користевме вистинските документарни снимки од неколку поплави, урагани и бури во светот, со цел да го реинтерпретираме значењето на сообраќајните знаци. Со ставањето на знаците во поинаков контекст, ги искористивме за ги пренесеме пораките до луѓето од самата природа и планета Земја, за да ги натераме да почнат да размислуваат за влијанието на нивните активности врз светот “, изјави Карлос Андрес Родригез, главен креативен директор во агенцијата MullenLowe SSP3.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365