Со новите Самсунг Галакси С9 и С9+ до неверојатни можности – супер бавно “slow-mo” видео, најдобра камера за снимање при слаба осветленост, пиктографи за изменета реалност за поперсонализиран начин на изразување
Барселона, Шпанија – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) ги претставува новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и С9+ (S9+) паметните телефони кои имагинативно го реинтерпретираат начинот на кој луѓето комуницираат, споделуваат и го искусуваат светот. Создадени за период во кој потрошувачите се повеќе и повеќе комуницираат и се изразуваат преку фотографии, видеа и пиктографи (еmoji), Галакси С9 и С9+ вклучуваат иновации преку најнапредната Самсунг камера до сега. Редизајнирани, со нова бленда која овозможува иновативна камера за слаба осветленост, способност за супер бавно “Slow-mo“ видео и персонализирани пиктографи за изменета реалност (AR Emojis), новите Галакси С9 и С9+ ќе се погрижат корисниците никогаш да не пропуштат ниту еден момент и да го направат своето секојдневие неверојатно.
Галакси С9 и С9+ овозможуваат збогатено доживување на забавата со моќни стерео звучници поставени со помош на АКГ (AKG), извонреден звук со Долби Атмос (Dolby Atmos®) и редефиниран бесконечен екран од раб до раб – клучен елемент во дизајнерското наследство на Самсунг. Дополнително, Галакси С9 и С9+ ќе пристингат со новата “SmartThings“ апликација, која ги обединува постоечките ИоТ услуги на Самсунг во едно единствено, паметно искуство.
“Начинот на кој ги користиме нашите паметни уреди се промени со еволуцијата на комуникацијата и на самоизразувањето. Со Галакси С9 и С9+ ја имагинативно ја реинтерпретиравме камерата кај нашите паметни телефони. Не само што Галакси С9 и С9+ им овозможуваат на корисниците да ги креираат најдобрите фотографии и видеа насекаде, туку и станува збор за паметни телефони кои се дизајнирани да им помогнат да се поврзат со останатите и да се изразат на начин кој е единствен за нив, оставајќи свој личен печат.“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Менаџер на Сектор за ИТ и Мобилна Комуникација, Самсунг Електроникс.
Редизајнирана Камера
Денешните камери се многу повеќе од алатки за правење фотографии – тие служат и за поврзување и комуницирање. Корисниците сакаат смартфон со камера со најнова технологија за да се изразат преку фотографии со висок квалитет, како и алатки кои ќе им помогнат да ја раскажат својата единствена приказна. Камерите на Галакси С9 и С9+ се создадени имајќи ги в предвид овие корисници, со “Super Speed Dual Pixel“ сензор со зголемена сила за обработка и меморија која може да комбинира до 12 фрејмови во една неверојатна снимка со највисок можен квалитет на фотографија. Карактеристиките на Самсунг Галакси С9 и С9+ вклучуваат:
- Super Slow-mo: Ги прави секојдневните моменти епски со динамичниот и успорен видео запис кој снима 960 фрејмови во секунда. Галакси С9 и С9+ исто така овозможуваат и автоматско детектирање на движење – интелигентна карактеристика која детектира движење во фрејмот и автоматски започнува да снима – сѐ што треба корисниците да направат е да го сетираат снимањето. По снимањето на “Super Slow-mo“ видео, корисниците може да одберат музичка позадина од 35 различни опции или пак да додадат тон од нивната омилена плејлиста. Исто така, корисниците на многу едноставен начин може да креираат, едитираат и споделуваат .GIF датотеки со едноставно допирање во три разиграни стилови на движење за да може да ја гледаат датотеката одново и одново.
- Камера за снимање при услови на слаба осветленост: Доброто осветлување е тајната на сите одлични фотографии. Но, често се случува фотографиите да се направени во услови на понеидеално осветлување. Повеќето камери на паметните телефони имаат фиксен отвор (бленда) кој не може да се прилагоди на средини со ниска или светла осветленост што резултира во избледени фотографии или фотографии на кои се познава зрнеста структура. Слично на начинот на кој што ирисот на човечкото око се проширува и контрахира, двојната бленда на Самсунг (F1.5 / F2.4) автоматски пропушта повеќе светлина кога е темно и помалку светлина кога е премногу светло, креирајќи фотографии кои се јасни и чисти.
- Пиктографи за Изменета Реалност – AR Emoji: Самсунг им овозможува на корисниците да креираат “емоџи“ кое изгледа, звучи и се однесува исто како нив. Пиктографите за изменета реалност користат алгоритам за машинско учење кое се темели на податоци кои ја анализираат 2D фотографијата од корисникот и исцртуваат преку 100 фацијални карактеристики за да креираат 3D модел кој рефлектира и имитира експресии како намигнување и потврдување со главата, за вистинска персонализација. Овие пиктографи ги споделуваат чувствата на корисниците од реалниот живот преку видео, но и преку широк спектар на сликички кои користат стандарден AGIF формат за датотеки, овозможувајќи им на корисниците да ги споделуваат нивните пиктографи низ различни други платформи за разменување на пораки.
- Бигзби: Интелигентната платформа на Самсунг, интегрирана во камерата, користи изменета реалност и технологии за длабинско учење за да овозможи корисни информации за опкружувањето на корисниците. Со детектирање на објект во реално време и негово препознавање, Бигзби веднаш, инстантно генерира информации директно на врвот на фотографијата на која камерата посочува. Корисниците може да преведуваат странски јазици и валути во реално време преку “Live Translation“, да учат за нивните опкружувања, да купуваат продукти видени во реалниот свет и да ги бележат калориите во текот на денот.
Редизајнирана Забава
Паметните уреди често се нашиот избор за забава. Затоа, Самсунг креираше уред кој овозможува премиум звучно искуство со стерео звучници кои се поставени со помош на АКГ. Без разлика дали корисниците го гледаат својот омилен филм или го слушаат последниот албум од својот омилен изведувач, звуците се јасни, чисти и високо квалитетни. Галакси С9 и С9+ исто така поддржуваат Долби Атмос, овозможувајќи ефект на звук од 360 степени.
Аудио искуството со Галакси С9 и С9+ е дополнето од револуционерниот бесконечен екран на Самсунг. За прв пат претставен на Галакси С8, цврстиот, Super AMOLED Бесконечен екран се вклопува во телефонот без никакви одблесоци. Со адаптивното подобрување на контрастот, корисниците можат да го користат нивниот уред дури и на директна сончева светлина.
Уред кој се вклопува во поврзаниот животен стил
Како први паметни телефони кои ја поддржуваат новата “SmartThings“ апликација, Галакси С9 и С9+ се централен елемент за управување со сите аспекти на поврзаниот начин на живот во домот, во канцеларијата или во движење. Апликацијата “SmartThings“ ќе биде претставена заедно со С9 и С9+, и ќе поврзува и други Самсунг уреди како и уреди кои не се дел од Самсунг семејството.
За сите оние кои се константно во движење, новата генерација Самсунг ДеХ (Samsung DeX) овозможува мобилен животен стил допринесувајќи за искусување на содржините од мобилниот телефон на голем екран низ целата негова површина. Со “DeX Pad“, новиот докинг систем, корисниците можат лесно да ги поврзат Галакси С9 и С9+ со поголем екран, тастатура и глувче за да го прошират мобилното искуство со подобрено уредување на документи или дури и игри со целосен екран. Корисниците исто така може да ги трансформираат Галакси С9 и С9+ во Touch Pad со DeX Pad.
Најдоброто станува стандард во Галакси Фондацијата
Самсунг го поставува златниот стандард за паметни телефони со IP68 стандардот за отпорност на вода и прашина, како и брзо безжично полнење. Галакси С9 и С9+ одат чекор понапред. Уредите сега поддржуваат проширување на меморијата до 400 GB со Микро СД (MicroSD) картичка и се опремени со најновите премиум апликациски процесори кои овозможуваат моќен перформанс и софистицирана обработка на сликата.
Покрај тоа, Галакси С9 и С9+ им овозможуваат на корисниците да бидат спокојни знаејќи дека нивниот телефон е заштитен од “Knox 3.1“, најновата, најсовремена надградба на безбедносната одбранбена платформа на Самсунг. Новите Галакси С9 и С9+ поддржуваат три различни биометриски опции за автентификација – ирисот на окото, отпечатокот на прстот и фацијално распознавање – така што корисниците може да го одберат најдобриот начин за заштита на својот уред и апликации. Уредите поддржуваат Интелигентно Скенирање, нова верификација која интелигентно користи колективна сила за скенирање на ирисот на окото и технологија за препознавање на лицето за брзо и едноставно отклучување на телефонот на корисникот во било која средина. Галакси С9 и С9+ исто така го претставуваат и “Dedicated Fingerprint“, давајќи им на корисниците опција да користат различни отпечатоци од прст од оние за отклучување на телефонот, за да пристапат кон Безбедната Папка (Secure Folder).
Галакси С9 и С9+ ја носат грижата за здравјето на ново, повисоко ниво со подобрен оптички сензор вграден директно во уредот, овозможувајќи побогати, попрецизни информации за здравствениот статус на корисникот. Овој сензор им овозможува на Галакси С9 и Галакси С9+ да ги следат факторите на оптеретување на срцето на корисникот преку “Heart Load Factor“, нова мерка која ги регистрира отчукувањата на срцето во реално време.
Новите Галакси С9 и С9+ ќе бидат достапни започнувајќи од 16. Март, 2018. Корисниците ќе може да ги набават уредите во следните бои: Полноќно Црна, Корално Сина, како и во новата нијанса – Пурпурно Виолетова. Во Македонија, продажбата на уредите ќе започне исто така од 16.03.2018.
За повеќе информации за Галакси С9 и С9+, посетете ги следните линкови: http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy.