Основачот на SpaceX, Елон Маск, неодамна соопшти дека вселенската компанија постигнала партнерство со канадската инжинерска фирма Geometric Energy Corporation (GEC), со планови за поставување на „вселенска уметност“ на Месечината. Сега пак, SpaceX потврди дека има план да постави рекламен билборд во вселената.
Како дел од партнерството со GEC, еден коцкест сателит кој ќе прикажува реклами ќе биде лансиран од ракета на SpaceX во вселената.
Закупот на рекламен простор на вселенскиот билборд наводно ќе биде определуван според криптовалутни токени кои ќе можат да бидат користени за контрола на пикселите на сателитот, овозможувајќи им на компаниите и организациите да се натпреваруваат за вселенскиот огласувачки простор.
Првиот билборд-сателит е планирано да биде лансиран во 2022 година, а во меѓувреме GEC работи на квантен комуникациски систем кој ќе овозможи скоро моментална размена на информации на големи растојанија, како на пример од Земјата до вселената.
Кој ќе биде првиот огласувач на првиот вселенски библорд? :)