Постојат различни стратегии за тоа како да се избегнат несакани разговори при собирите на поширокото семејство за време на празниците – климање со главата, промена на темата, пиење од шампањот, одење во тоалет или воопшто непојавување на средбата.
Брендот за производи за домаќинство Hefty има и друго решение со кое вие не мора да правите ништо. Станува збор за специјални пластични „Чаши за забави“ на кои има испечатени пораки кои треба да ги спречат несаканите разговори.
На чашите се наоѓаат реченици како „Не ме прашувај за кого ќе гласам“, „Да, јас сум сингл и среќен/а“, „Со диетата почнувам од понеделник“, „Прашај ме за моето милениче“ и „Невработен/а сум“. Па така, доколку вашата тетка ве праша за љубовниот живот или вашиот вујко почне да ви зборува за политика, сé што треба е да ја „наткренете“ чашата.
Специјалните празнични чаши на Hefty се достапни онлајн преку веб-сајтот HeftyPartyCupsSaveTheHolidays.com.