Сте го слушнале ли изразот „Спиев како труп“? Епа, британскиот продажен ланец на мебел за спиење Dreams лансираше нова кампања која е целосно изградена врз тој израз.
Во централниот спот на кампањата се појавува буквално еден дрвен трупец, кој заедно со своите дрвени пријатели ги претставуваат различните видови на кревети кои се продаваат во салоните на Dreams.
Покрај централната реклама која ќе се емитува на телевизија, кампањата вклучува уште неколку видеа, реклами за радио и активности на социјалните медиуми.
Дел од тие реклами, покрај претставувањето на достапните кревети, ќе нудат и совети за подобро спиење.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Uncommon Creative Studio и продукциската куќа Arts & Sciences, додека пак медискиот закуп е задача на Havas Media.