Home » Во фокусот » Списанието Комплетна ја прославува 20-годишнината од излегувањето на првиот број

Списанието Комплетна ја прославува 20-годишнината од излегувањето на првиот број

Приказната на КОМПЛЕТНА започна 1996 година, како пионерски обид да се создаде првото македонско списание за жените кои се подготвуваа за 21-от век, списание што ќе биде по примерот на светските магазини, а сепак автентично, забавно, едукативно, уникатно и целосно наше.

naslovna Kompletna maj 2016

Во изминатите 20 години се менуваше внатрешниот дизајн, стилот на фотографиите на насловната страница, типот на интервјуата, рубриките, темите што се истражуваа… Се менуваше и екипата, многу луѓе го дадоа својот придонес. Новите луѓе носат нови идеи, ама столбот на списанието, креативците кои тргнаа заедно на ова патување пред дваесет години, и понатаму ги раскажуваат своите приказни во секој нареден број.

Цели 222 броја подоцна, КОМПЛЕТНА и понатаму се води од истото мото „моја инспирација“.

Нашата енергија, креативност и желби се и понатаму примарно насочени кон печатениот медиум. По две децении љубов, верност и поддршка од читателите, сакаме да им вратиме со нешто ново, забавно и достапно за сите, почнувајќи од септември“, вели Андријана Јовановска, уредник на Комплетна.

Редакцијата на Маркетинг365 им го чеситита јубилејот на колегите од КОМПЛЕТНА и им посакува уште многу години успешни изданија, уште повеќе читатели и се разбира многу реклами !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365