Home » Во фокусот » Спонзорствата во спортот најчесто промовираат нездрава храна

Спонзорствата во спортот најчесто промовираат нездрава храна

Дури 76% од спонзорствата во спортот промовираат нездрава храна, иако здравиот разум го поврзува спортот со здрав начин на живот

Спортот и активниот начин на живот се основата во идејата за здрав живот, а сепак спонзорствата во спортот најчесто се користат за промовирање на нездрава храна и пијалоци, покажа истражувањето објавено во американскиот магазин Pediatrics.

Со истражувањето беа опфатени рекламите во спортот во САД и се дошло до заклучок дека 76% од прехранбените производи промовирани во такви спонзорства всушност имаат нездрави нутритивни оценки, додека 52,4% од промовираните безалкохолни пијалоци содржат шеќер.

Националната фудбалска лига (NFL) има најмногу спонзори во областа на храна и/или безалкохолни пијалаци, а следат Националната хокеј лига (NHL) и Малата лига. Меѓу брендовите поврзани со овие лиги се Пепсико, Кока-Кола, Мекдоналдс и Венди.

“Промоцијата на нездрава храна и пијалоци за време на спортски настани е особено загрижувачки бидејќи авторите на студијата забележале дека до 76% од испитаните деца може да се сетат најмалку на една компанија за храна која спонзорира некоја спортска организација. Покрај тоа, авторите на студијата спроведена во Австралија проценуваат дека 80% од децата се занимаваат со некој организиран спорт, а до 75% од нивните млади спортски клубови имаат спонзорство од прехранбената индустрија “, предупредуваат истражувачите во нивниот извештај.

Американската асоцијација на индустријата на безалкохолни пијалаци одговори на оваа студија, во писмена изјава за CNN во која тие велат: “Како што авторите на ова истражување признаваат, целната публика за професионалниот спорт не се децата, туку возрасните. Сепак, американските компании во индустријата на пијалоци работат на тоа на родителите да им ја обезбедат поддршката што тие ја сакаат, вклучувајќи доброволна имплементација на меѓународните упатства за огласување да не се рекламираат на деца под 12-годишна возраст, доброволно повлекување калорични пијалоци од основните и средните училишта и обезбедување на информации за родителите на врз основа на фактите и широкиот спектар на пијалаци со и без шеќер, кои им се потребни за да ги направат вистинските избори за себе и за своите семејства “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365