Home » Во фокусот » SPORTO Awards стануваат регионални. Вратите отворени и за македонските проекти !

SPORTO Awards стануваат регионални. Вратите отворени и за македонските проекти !

SPORTO е водечка регионална конференција за спортски маркетинг и спонзорство која се оддржува во Словенија  ,  иницирана од агенцијата SV-RSA а последниве три години натпреварувањето SPORTO Awards кое се оддржува во рамки на конференцијата е организирано од Словенското друштво за маркетинг.
Оваа година, SPORTO Awards ќе се оддржи на 20 и 21 ноември во Порторож и на нив ќе може да се пријават и сите успешни проекти од дисциплината на спортскиот маркетинг во Адриатик регионот, што значи дека за прв пат конференцијата станува регионална и на неа ќе можат да учествуваат проекти од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, БиХ и Црна Гора. 
Sporto awards
Битката за најдобрите примери на добра пракса во полињата спонзорство и маркетинг во спортот, со ова проширување уште повеќе ќе се заостри со што наградата ќе добие на значење и вредност.

Најдобро пласираните проекти по одделните земји во категоријата “Најдобро спортско спонзорство / SPORTO Sponzorship Award“ автоматски ќе се вклучат во натпреварувањето за наградата на Европското спортско здружение во категоријата “Best of Europe“.
За SPORTO наградите 2014 може да се натпреваруваат сите проекти чии главни активности се одвивале во периодот од 3 октомври 2013 до 31 октомври 2014. прогласувањето на победниците во пооделните категории ќе се оддржи во склоп на SPORTO конференцијата, на свечено доделување на првиот конференциски ден, во четврток 20 ноември 2014.
Повеќе информации за SPORTО Awards можете да видите на следниов линк : http://sporto.si/en/awards/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365