Home » Во фокусот » Спортските портали во Македонија на цена!

Спортските портали во Македонија на цена!

Македонија е земја која живее за спорт. А кога ќе се случи некој голем спортски успех, како оној на Вардар од минатата недела, оваа констатација добива силна потврда и низ бројките кои ги остваруваат специјализираните медиуми за спорт кои “парче прават” со резултатите за посетители, прелистани страни и остварени социјални активности (engagements).

Дека публиката е заинтересирана секоја спортска информација да ја добие во истиот момент, дека сака да го знае секој куриозитет, секој впечатлив момент и дека за сето тоа прв избор се домашните спортски портали, лесно се идентификува кога ќе се погледнат бројките кои ги разгледуваме преку примерот на Gol.mk – спортскиот медиум кој деновиве јавно ги сподели своите податоци од Google Analytics извештајот и достапната аналитика на агрегаторот Grid.mk.

Од нив може да се забележи дека Gol.mk има посетители на кои може да позавиди секој еден медиум во Македонија, остварувајќи скоро 2 милиони прелистани страници и 450.000 посети за само три дена.

Кога ќе се погледнат резултатите од аналитиката на Грид за медиуми со најголем број на social media engagements (вкупен број на лајкови, коментари и споделувања), гледаме дека овие резултати се плод на огромната прифатеност на статиите кај читателите на социјалните мрежи. На пример: Gol.mk ја предводи листата со повеќе total engagements од збирот на вториот и третиот сајт на листата (Fokus.mk и Kurir.mk). Место во топ 10 според овој ранкинг има и уште еден спортски сајт – Ekipa.mk, што само го потврдува фактот дека во периоди богати со македонски спортски успеси, специјализираните спортски сајтови имaат досег со кој им парираат и на сајтовите на кои се присутни сите категории на вести, а во случајот на Gol.mk – дури и ги надминуваат.

Топ 10 , според FB engagements, Grid.mk

Се разбира ова воопшто не е инцидентен случај, туку континуитет кој е благодарение на редовната публика која ги следи спортските сајтови, а доаѓа до огромен израз во моментите кога спортските вести и случувања доаѓаат во фокусот на случувањата.

Иако на македонската веб сцена веќе имаме етаблирани спортски медиуми кои успешно егзистираат на пазарот и се широко препознатливи за севкупната спортска јавност (покрај Gol.mk, тука се и Derbi.mk, Ekipa.mk, SportClub.mk и др.), а имаме и неколку тесно специјализирани спортски сајтови (главно за ракомет и мото спортовите), деновиве стигнуваат информации и за создавањето и на неколку други спортски портали како: topsport.mk , g-sport.mk, sport1.mk, 24sport

Се надеваме дека новите спортски медиуми ќе донесат нов квалитет и ќе го следат примерот на претходно афирмираните кои се изградија како посебни и препознатливи брендови – со јасни дистинкции меѓусебе, што секако ја збогати понудата и за читателите и за огласувачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365