Издавачот на Sony Music и аргентинската организација за донација на органи NCUCAI претставија видео спот во кој музичарот не е во преден план.
Агенцијата Wunderman Thompson за главна ѕвезда во спотот го избра омилениот аргентински пејач Данте Спинета за главна ѕвезда, во кампања која има за цел подигнување на свеста за заболувањата на видот и поттикнување за донирање на рожницата (по смртта).
Видео спотот е еден вид технолошка иновација. Како што објаснуваат креативците, гледачот во промотивното видео се наоѓа во улога на оние несреќници кои чекаат за трансплантација на рожницата. Со помош на технолошка иновација, видео спотот со јасна слика можете да го погледнете само доколку камерата на вашиот мобилен телефон ќе ја насочите кон очите на друго лице.
„На овој начин, за неколку секунди, сакавме да им овозможиме на луѓето да се стават себеси во кожата и очите на оние што страдаат од очни болести“, рекоа Дани Минакер и Себастијан Таразага, главни креативни директори во агенцијата Вудерман Томпсон.