Компаниите ќе соработуваат на унапредување на мерењето на ефикасноста и досегот
Платформата за стриминг на музика Spotify го прошири својот однос со специјалистите за податоци од Нилсен, во обид да го подобри мерењето на ефикасноста и досегот на нивната глобална огласувачка платформа.
Пошироката соработка ќе вклучи усвојување на услугите на Nielsen Brand Effect во неколку региони, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија за да им овозможи на маркетерите подобро да ги оптимизираат нивните огласувачки кампањи со подобро разбирање nа тоа како содржината влијае на целната публика.
На овој начин, брендовите може правилно да ја проценат ефикасноста на нивните кампањи во однос на свеста, перцепцијата и намерата за купување на сите полиња, преку звук, видео и дисплеј.
Брајан Бенедик, глобален шеф за огласување во компанијата Spotify, изјави: “Како што нашата огласувачка платформа созрева, одлучивме да докажеме дека Spotify е важна платформа која има големо влијание за огласувачите. Со напредните алатки за мерење на Нилсен во нашиот арсенал, можеме да докажеме колку е големо ова влијание. “
Џесика Хог, постар заменик претседател за дигитални решенија на Нилсен, додаде: “Без разлика дали огласувачот сака да донесе одлука за креативниот формат, должината или позиционирањето, Nielsen Brand Effect ќе може да им помогне да имаат вистински сознанија базирани на вистински луѓе, со цел да донесат информирани одлуки и да ја максимизираат вредноста на нивната инвестиција”.
Spotify веќе соработува со Нилсен за мерење на досегот на рекламните кампањи, претставување на ефектот на офлајн продажбата и мерење на ангажманот на публиката, и тоа откако го лансираа својот нов формат “Active Media“, кој им овозможува на корисниците да ја прескокнат рекламата.