Третото издание на New Europe Market, NEM 2015, највозбудливиот медиумски настан во регионот на кој еднаш годишно се собираат водечките медиумски експерти од регионот и од светот, ќе се одржи од 9 до 11 јуни 2015 година во хотелот Дубровник Палас.
Во изминатите две изданија, NEM ги привлече професионалците од областа на IPTV и кабелската дистрибуција, телевизијата,продукцијата и маркетингот, како и водечките медиумски познавачи, со цел да го откријат големиот потенцијал кој овoј регион го нуди.
Повеќе од 250 компании од целиот свет го препознаа NEM како единствен настан кој отвара нови можности за соработка и создава нови бизнис пријателства, како и место кадешто се разменуваат идеи и каде сите можат да научат нешто ново од колегите од својата индустрија.
Панелите на NEM даваат увид во најактуелните теми, такашто за само две години на панелите гостуваа повеќе од 120 најекспонирани говорници кои ги споделија своите искуства, мислења и know-how во врска со новите технологии, предизвици кои ги носи огласувањето во добата на мултимедија и управувањето со социјалните мрежи со цел зголемување на препознатливоста на телевизиските содржини.
NEM 2015 ќе ги истражи можностите на новите медиуми, како и иднината на телевизиските содржини, собирајќи ги најеминентните професионалци и стручњаци, со цел сите вклучени во работата со медиумите на настанот да добијат подобар увид во новите трендови.
Повеќе информации за NEM 2015 на:
Facebook: https://www.facebook.com/NewEuropeMarket
Twitter: @New_Eu_Market
LinkedIn: https://www.linkedin.com/profile/view?id=192104771