Home » Во фокусот » Sprite ги неутрализира „хејтерите“ и „троловите“ со љубов

Sprite ги неутрализира „хејтерите“ и „троловите“ со љубов

Популарниот бренд за безалкохолни пијалоци Sprite се спротивстави на интернет „троловите“ и „хејтерите“ во својата нова глобална кампања, во која сугерира дека омразата може да се „неутрализира“ со зборови кои искажуваат љубов.

Кампањата, дело на агенцијата Santo, вклучува вистински личности и приказни, без актери, меѓу кои се најдоа шпанската олимписка пливачка Росио Веласкез, францускиот танцувач на шипка Нико Молденстајн, англискиот рапер Тирус МекКензи, шведската сурферка Лиз Ромер, како и шпанските ЛГБТ активисти Дејвид Перез и Мариус Каралт и женскиот фудбалски тим на CE Sant Gabriel. Рекламата прикажува како тие добиваат навредливи коментари на социјалните медиуми (кои наводно се реални пораки кои ги имаат добиено) и во секој од случаите одговараат со „Те сакам.“

Режисер на спотот е Карим Ху До од продукцијата Anonymous Content, а кампањата е проследена и со други соодветни активности кои вклучуваат Instagram Stories, долгометражен документарен филм, интервјуа со протагонистите, принт реклами и гиф-анимации кои имаат за цел да ја неутрализираат омразата.

Со оваа кампања, Sprite се приклучи кон низата други брендови како Adidas, Under Armour и Vivo, кои се имаат спротивставено на интернет „троловите“ преку свои адвертајзинг активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365