На доделувањето на Pentawards, престижните светски награди за дизајн на амбалажа, Scandinavian Design Group, дел од I&F Group, освои сребрена награда во категоријата Food – Distributors/Retailers own brands за клиентот Kolonihagen. Овогодинешните награди беа доделени на свеченоста во музејот Гугенхајм во Њујорк.
Овој дизајн веќе освои награди – злато на Visuelt 2018, фестивал кој наградува извонредна визуелна комуникација, организирана од Графил – норвешка организација за визуелна комуникација; и злато на Retailprisen, во организација на Creative Forum, ANFO и Retail Energy, кој им оддава признание на најдобрите малопродажни проекти во текот на целата година.
На сајтот на агенцијата можете да дознаете повеќе за наградуваниот дизајн.