(РЕГИОН) – Друштвото за односи со јавност на Србија (ДСОЈ) синоќа го организираше годинешниот PRijem, на кој ги додели наградите за најдобрите комуникациски кампањи, проекти и иницијативи за 2015 година.
Оваа година за наградите беа пријавени вкупно 87 проекти, распоредени во 11 различни категории, од кои во финалето пласман остварија 33 проекти.
Специјален гостин на вечерта беше Maxim Behar, претседателот на ICCO, Интернационалната мрежа на ПР здруженија чиј член од неодамна стана и Друштвото за односи со јавност на Србија.
Во категоријата ПР агенција на годината, победата ја однесоа “Represent Communications“ (подкатегорија големи ПР агениции) и SVA (подкатегорија мали и средни ПР агенции).
Признанија за најдобри комуникациски проекти освоија следниве агенции и компании:
- Агенција Represent Communications , за проектите “Прослава на 10 години од аквизијата на Rosa вода“ во категоријата корпоративни комуникации, потоа награда во категоријата Кризни комуникации за проектот “Женска експедиција на Хималаите“ и во категоријата Општествено одговорни проекти за кампањата “Помагаме да имаат и оние кои немаат за Delhaize Србија.
- Агенцијата New Moment PR, доби три награди: за проектот “Dugme za pomoć” во категоријата Комуникација во непрофитен сектор, потоа за проектот “Žene u biznisu”, за компанијата Banca Intesa и за кампањата “Reci to čokoladom” за клиентот Soko Štark, во категоријата Brand PR.
- Агенцијата SVA jдоби награда за проектот “Biram život”, создаден во соработка со Агенцијата за безбедност на собраќајот, додека пак агенцијата Home Page доби награда за проектот “My Serbia” за Туристичката организација на Србија.
Проектот #FantaSelfie на агенцијата Executive Group е награден во категоријата Најдобро имплементирана меѓународна кампања.