Вчера пишувавме дека францускиот долг леб „багет“ беше вклучен во листата на заштитено нематеријално културно наследство на УНЕСКО, а сега кон таа листа беше додадена и српската ракија „шливовица“.
Српските власти на 1 декември објавија дека традиционалната сливова ракија беше додадена кон листата на УНЕСКО како „негувана традиција која што човештвото треба да ја зачува“.
Експертите на УНЕСКО, кои се собраа во Мароко оваа недела, одлучија дека „социјалните практики и знаењето поврзани со подготовката и употребата“ на шљивовица заслужуваат признание од Обединетите нации како пример за важна културна традиција.
Ракијата шљивовица рачно се подготвува во Србија веќе со векови, како обичај кој се пренесува од генерација на генерација, а за кој експертите велат дека станал дел од српскиот национален идентитет.