Американскиот бренд за кафе (и веројатно најпопуларен во светот), Starbucks, овој март одбележува 50-години од своето основање во 1971 година.
По тој повод, компанијатата лансира специјално кафе опишано како „смела мешавина добиена ексклузивно од Индонезија, со ноти на чаден кедар, црн тартуф и свеж естрагон.“
Ова не е прв пат како компанијата за кафе лансира јубилејна мешавина за своите фанови. Претходно тоа го стори во 1996 година, кога ја прославуваше својата 25-годишнина.
Мешавината е спекувана во кеси со смирувачка зелена боја на кои е прикажана уникатна илустрација на препознатливата сирена на Starbucks. Темнозелените линии со кои се обележани контурите на митската фигура се комплементирани со суптилни светли, сино-розови линии кои оддаваат чувство на блага блескавост. Во нејзините раце, сирената држи златна гранка од дрво на кафе, на главата носи златна круна, а со очите гледа директно во оној кој треба да ужива во внатрешното богатство.
Специјалната јубилејна мешавина ќе биде достапна за продажба во кесички, а ќе биде служена и во кафетериите на брендот во периодот од 8 до 14 март.