Знаете дека не е сè во идејата што ја имате, туку треба да знаете и како да ја искористите на најпрофитабилен начин таа идеја. Се соочувате со милион прашања во врска со започнување на вашиот бизнис? Имате страв како да излезете од вашата комфорна зона и не знаете каде и како да ја употребите таа идеја? Или имате тим и сте на добар пат за креирање на следната успешна стартап приказна, но не знаете каде да започнете?
Како да започнете?
Пријави се – на Brainster (*https://brainster.co/courses/startaod-ide-a-do-uspeshen-biznis*)
Почеток – 09.11.2015 Во просториите на G6
Траење: 10 часа
Цена: 0 ден.
За кого е наменет овој курс?
Стартап Викенд Академијата е наменета за сите стартап ентузијасти и поедници кои сакаат креативност за сите кои имаат идеја и желба за започнување свој бизнис. Исто така за сите кои се дел од стартап тим кој се наоѓа во развојна фаза и кои сакаат да дознаат како функционира Стартап Викенд Скопје и што се е потребно за да победите на истиот.
Што ти е навистина потребно за да започнеш старт-ап?
Ниту една книга, блог, ниту туторијал не може да те научи. Најбрзиот и најлесен начин да научиш како да изградиш успешен стартап е да црпиш информации и да ги дознаеш триковите од успешните претприемачи кои веќе го направиле тоа. На оваа ‘Од Идеја До Успешен Бизнис’ – Стартап Викенд Академија ќе имате можност да учите од локални експерти кои поминале и сè уште поминуваат низ препреки за кои не сме свесни дека постојат. На максимален начин можете да го искористите нивното искуство за да откриете некои кратки патчиња кои водат до целта и исто така како би можеле да победите не идниот Стартaп Викенд кој е совршен начин за да го направите првиот чекор до успехот.
Бројот на учесници е ограничен, затоа побрзајте и пријавете се!