Home » Во фокусот » Startup Grind Skopje финале во најава !

Startup Grind Skopje финале во најава !

Тимот на Startup Grind Skopje ве поканува на последниот настан за 2015 година, кој ќе се одржи на 18 декември, петок, од 17.30 – 20.30 часот во Public Room. Како кулминација на настаните одржани годинава, организацискиот тим најавува супер презентер, но и многу забава и интересни активности за учесниците.

startup grind 2

Главниот гостин спикер на настанот е Бранко Трајковски – сериски претприемач кој со своите бизнис размислувања е секогаш неколку чекори понапред од останатите. Тој е умот зад Bransys Corporation, во која влегуваат Bransys Macedonia, Bransys Serbia, Bransys USA, Vebit и Claxi. Иако има ред успешни бизниси зад себе, тој не престанува да иновира, за што доказ е последниот проект Claxi, мобилната апликација за таксиси, која им помага на корисниците да ја најдат оптималната такси понуда.

Бранко ќе открие неколку интересни приказна и искуства од неговиот професионален живот:

  • Како од „IT geek” до стартап основач и одличен менаџер?
  • Како да го проширите бизнисот и да излезете на нови пазари?
  • Колку долго треба да чекате пред да го вработите првиот човек?
  • Како да продолжите да иновирате и кога имате „стабилен” бизнис?

 Од Startup Grind Skopje најавуваат и неколку дополнителни активности:

  • бура на идеи;
  • вмрежување;
  • бесплатно пиво (или две) за секој учесник
  • плус, како поддржувачи на кампањата против возењето под дејство на алкохол, тие организираа безбедно возење до дома со Claxi. Секој учесник на настанот, ќе добие ваучер од 100 денари, кој може да го искористи за превоз преку Claxi.

 Дополнително, за сите кои се уверени дека имаат супер стартап идеја, ќе има претставници од 40 милионскиот „Venture Capital” Фонд South Central Ventures, кои со нетрпение очекуваат да ве запознаат.

Своето место на настанот можете да го резервирате преку Eventbrite по цена од 300 денари, која вклучува часовна програма, пиво, дружба, нови пријателства, споделување на знаења, плус ваучер во износ од 100 денари од Claxi.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365