Иновативност.мк – е новиот специјализиран веб портал кој од денеска го збогати македонскиот интернет етер.
Основна цел на порталот е да ја промовира иновативноста како бизнис концепт во македонската економија. Првенствено преку искуството и примерите на македонските иновативни компании, нивните менаџери и успешно реализираните иновативни проекти во македонската економија кои ќе добијат најголем простор со цел да бидат пример за сите останати дека иновативноста не е недостижна работа.
“Долгогодишното новинарско искуство и секојдневни контакти со различни компании ми покажа дека многу често тие немаат доволно информации што работат нивните колеги, кои можности им им стојат на располагање за подобрување на конкурентската предност, кои фондови би можеле да ги користат доколку сакаат да развијат нов производ или да применат нова технологија. Концентрирајќи се токму на оваа проблематика, иновативност.мк ќе биде место каде ќе се објавуваат информации за тоа што работат компаниите во светот, регионот и Македонија, како и сервисни информации за активностите на надлежните институции, меѓународни проекти, европски фондови и многу други“, вели Верица Јорданова, уредник на www.inovativnost.mk.
Содржински www.inovativnost.mk ќе се обиде да даде одговор на прашањата: Кои се изворите за финансирање на Вашите иновативни проекти? Кому да се обратите во ситуација кога имате идеја која допрва треба да се реализира? Кои се институциите кои нудат поддршка на иновативни компании и поединци? Како да го зголемите својот иновативен потенцијал?
Повелете на www.inovativnost.mk