Од денес почнува со работа специјализираниот интернет-портал за родители и деца – “Деца.мк“ (www.deca.mk).
Позади овој проект стои веќе докажаниот тим на Факултети.мк (www.fakulteti.mk), кои својот нов “производ“ го лансираат токму на 7-годишнината од постоењето на Факултети.мк – порталот кој направи револуција кога станува збор за обработка на општествени, едукативни и образовни теми во интернет медиумскиот простор.
Во Деца.мк отворено ќе се зборува за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат родителите и децата, за современите техники на воспитување и учење и сѐ што е потребно за успешно и одговорно родителство и здраво и среќно детство.
За таа цел, Деца.мк ќе соработува со лекари, психолози, социолози, педагози, дефектолози, логопеди и уште многу други професионалци од земјава и надвор од неа, секој докажан во својата област. Тие со своите совети секојдневно ќе се обидуваат да го олеснат секој нов предизвик на читателите поврзан со правилното одгледување и воспитување на децата.
Сето тоа ќе биде надополнето со животни приказни од нашето секојдневие, со приказните на успешни, талентирани и надарени деца, а во фокусот ќе бидат и ранливите групи на кои им е потребна постојана помош за олеснување на функционирањето и за зголемување на квалитетот на нивниот живот.
Деца.мк има заштитен лик – девојчето Биби, кое е создадено заедно со илустраторот Тхе Мичо, со детската писателка Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и музичкиот продуцент Бобан Апостолов. Преку овој лик наскоро со краткометражни анимирани филмови и печатени изданија ќе бидат понудени и многу креативни содржини, интересни и корисни и за родителите и за децата.
Погледнете ја видеонајавата.