Белгискиот пивски бренд Stella Artois, дел од Anheuser-Busch, ја отпочна една од најголемите свои кампањи во последните неколку години, сѐ со цел да ги натера луѓето повторно да уживаат во колективни кулинарски искуства по долгиот период на изолираност.
Централниот спот на кампањата, насловена “Table drop” („Пад на маса“), отпочнува со сцена во која една девојка јаде и пие сама во својот апартман. Наеднаш, подот под нејзините нозе пропаѓа и таа заедно со својата маса паѓаат во долниот апартман – кај млад маж кој исто така јаде сам.
Но, пред да наздрават, подот повторно паѓа под нив и двајцата се наоѓаат во друштво на уште две жени. Сосем надреално, сите четворица прелетуваат низ страничниот ѕид во апартман кај човек кој е длабоко навлезен во виртуелната реалност. Потоа следуваат уште неколку „падови“, по што, евентуално, сите ќе се најдат на дното од зградата – во простор каде има колективна забава на еден куп млади луѓе кои уживаат во заеднички оброк и пиење пиво.
На крај се појавува слоганот „Make time for the life Artois“ („Направете време за животот Artois“), кој треба да служи како потсетник за луѓето да ги негуваат моментите поминати заедно.
Покрај телевизискиот спот, кампањата ќе вклучува и други маркетинг активности, со посебен акцент на инфлуенсерски објави на социјалните медиуми со кулинарска содржина.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Anomaly.